Да не бидат покусо од Баерн Минхен, ова може да се каже за играчите на Лајпциг. Ако “баварците“ попладнево со осум гола го “поздравија“ Дармштад, тогаш “биковите“ со 6:0 го декласираа Келн.
Серијата голови ја отвори Вернер во 15.минута од пенал, потоа следуваа головите на Опенда два и Раум за 4:0 на полувремето.
Во вториот дел Лајпциг продолжи да го “тероризира“ гостинот од Келн, па така со головите на Шешко во 88. и Баумгартнер во 90+1, ставија крај на оваа прекрасна фудбалска вечер на „Ред Бул Арената“ во Лајпциг. По тој последен гол Баумгартнер “полуде“ од радост и на интересен начин го прослави.
Со оваа победа “биковите“ сега имаат 20 бодови и се привремено на 4.место.