Фјури славеше во спектаклот во Ријад иако Нгану го „патосираше“ (ВИДЕО)

1529

Тајсон Фјури после голема мака го победи Френсис Нгану во борбата одржана во Ријад на која присуствуваше и Кристијано Роналдо како специјален гостин.

По десет рунди победи со одлука на судиите. Двајца го бодуваа актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Фјури, а еден во корист на поранешниот шампион на УФЦ, Нгану.

Фјури влезе во мечот како голем фаворит со оглед на тоа што ова беше прва професионална боксерска борба на Нгану. Сепак, Британецот тоа не го оправда. Камерунскиот ММА борец се покажа како многу опасен противник и во третата рунда го зададе најсериозниот удар на целиот меч, а Фјури заврши со нокдаун.

Британецот успеа да се опорави од тоа и во следните рунди беше нешто подобар, барем според проценката на судијата, но не можеше да го удри Нгану толку силно како неговиот противник. Самиот Фјури, кој успеа да остане непоразен, по мечот призна дека не очекувал толку добар противник.

По овој меч, Фјури ќе има меч за обединување на титулата во тешка категорија против Усик, кој според сите индикации ќе се одигра на 23 декември.

ПретходноФерари се заканува: Леклер до пол-позицијата во Мексико, втор е Саинц!
СледноФјури: Не се потресов, веднаш станав! Најважно е дека победив!