Белингем ја сруши Барса, па му се поклони на Модриќ: Легенда!

1775

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 во Ел Класико во 11. коло од шпанската Ла Лига. Во пресвртот на мадридскиот состав одлично се снајде неверојатниот Џуд Белингем кој ги постигна двата гола. Првиот беше вистинско ремек дело. Тој постигна фантастичен удар од 25 метри.

На вториот гол асистираше Лука Модри ја допре топката, а таа се одби директно во стапалото на Белингем, кој од непосредна близина го совлада Тер Штеген.

Иако повторно беше херој на Реал и прво име на Ел Класико, Белингем по дербито му се поклони на Модриќ на социјалните мрежи, честитајќи му на 500-от настап за мадридскиот клуб.

„Каков успех, легендо. Задоволство е да играм со тебе“, објави Белингам на Инстаграм Стори заедно со фотографија со капитенот на хрватската репрезентација.

ПретходноИвановски со победа ги почна квалификациите во Бергамо
СледноСтрашно: Хокеар почина откако лизгалка му го пресече вратот!