Пелистер 2 ја запиша третата победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Скопје славеше со 26-33 во меч од деветото коло.
Гостите уште на стартот најавија дека се решени со цел плен да си заминат од овој дуел поведоа со 1-7. Но, тоа не одеше така лесно, некаде кон средината на првиот дел застанаа, тоа пак го искористи Скопје да се врати порамноправно. На одморот намали на 13-14, а додека на стартот на вториот дел имаше егал 15-15.
Нова серија на Пелистер 2 му донесе водство од 20-25, доволно за мирен финиш.
Талевски беше стрелец на седум гола кај победникот, еден помалку имаа Митревски и Мијушковиќ. Мишевски со осум гола беше најдобар кај Скопје, кој се наоѓа на последното место на табелата без ниту еден пораз.
Oва коло Голден Арт во „Јане Сандански“ славеше убедлива победа над Вардар Неготино со 31-24 (полувреме 16-7). Во победничкиот тим најпрецизен беше Христијан Милошевски со 8 гола, а Мице Шилегов постигна 5. Кај гостите Петре Пеовски постигна 8 гола.