Реал по „Ел Класико“ остана без фудбалерот од 80 милиони евра

744

Аурелиен Чуамени го повреди левото стапало, соопшти Реал Мадрид, а фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо откри дека францускиот играч за врска ќе отсуствува меѓу шест и осум недели. Тоа е голем удар за мадридскиот клуб, бидејќи тој стана многу важен играч во тимот на тренерот Карло Анчелоти.

Секогаш кога Чуамени беше во првиот тим, Реал не губеше оваа сезона. Досега како централен играч за врска има 14 настапи и постигнато еден гол. Да потсетиме, тој во клубот пристигна лани од Монако за 80 милиони евра. Неговиот договор е со важност до летото 2028 година.

Повредата на Чуамени доаѓа по победата на Реал над Барселона (2:1) во „Ел Класико“ во 11. коло од шпанскиот шампионат. Французинот ги одигра сите 90. минути и учествуваше во големиот пресврт, кој го донесе Џуд Белингам со два гола.

ПретходноКалин Ивановски го изедначи својот најдобар ранг на АТП листата
СледноПеп Гвардиола го „пецна“ Јунајтед