Машката ракометна репрезентација на Македонија има нов тренер на голманите.
На местото на Ице Соколески кој досега ја извршуваше оваа должност, ангажиран е хрватскиот тренер на голмани Нинослав Павелиќ. Павелиќ има големо тренерско искуство во кое е запишана работа и во машката репрезентацијата на Хрватска, екипата на Нексе.
Македонската ракометна репрезентација во рамките на ЕХФ недела ќе одигра два пријателски меча против Грција во Солун.