Фјури најави борба со Усик: Не знам термин, но таа битка сигурно ќе се одржи

162

Светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, кој викендов успеа да го совлада Френсис Нгану во борбата со која успеа да го одбрани појасот во верзијата на ВБЦ одговори дали во следната борба ќе се бори со Украинецот Александар Усик.

„Организаторите ќе го организираат и договорат тоа. Дотогаш немам интерес да коментирам било што. Не ме заморувајте со бокс. Ќе си одам дома, ќе се одморам и ќе поминам време со моите деца. Ме немаше 12 недели. Моето новороденче го видов трипати и веќе има шест недели. Ја завршив мојата работа, ги добив парите и сега дојдоа среќни денови. Нормално дека ќе се борам со Усик, бидејќи и двајцата потпишавме договор. Кога и да се случи таа борба, сигурен сум дека ќе се одржи. Тоа е сè“, рече Фјури.

ПретходноВенгер за играта на Манчестер Ј.: Така голем клуб, а изгледа толку безнадежно
СледноРаботнички 71&22 донесе бразилско засилување на техничарската позиција