НБА има ново чудо: Вембањама ги остави во шок Дурент и Санси (ВИДЕО)

625

Фаворизираниот Феникс Санс на свој терен го пречека Сан Антонио. Очекувањата беа дека домаќинот ќе дојде до лесна победа. Иако играа без Бредли Бил и Девин Букер имаа 20 поени предност и водеа 47 минути и 58 секунди. Значи цел натпревар освен последните две секунди.

Токму тие две секунди беа драматични. На 13 секунди до крајот Санс имаа четири поени предност. Виктор Вембањама ја фати одбиената топка и ја смести во кошот. Кевин Дурент требаше да донесе сигурност, но на двократниот шампион, топката му ја одзема Џонсон за 115:114 и прва победа на Спарси на гостински терен оваа сезона. Џонсон беше најдобар стрелец на Спарс со 27 поени, а покрај него херој на сензацијата беше Вембањама имаше 18.

Првиот пик на драфтот, чудото од 225 сантиметри ги промаши првите пет шута во четвртиот натпревар во неговата НБА кариера. За 28 минути постигна 18 поени со 8 скока и дури 4 блокади. Вемби беше брилијантен против својот идол и играчот со кој се споредува. Дурент беше водечки стрелец (26) и асистенции (7) на Санс, но не можеше да победи против феноменот на другата страна.

ПретходноБазел не избра гол на месецот – причината е што не постигна ниту еден!
СледноСензација во Париз: Алкараз елиминиран на стартот (ВИДЕО)