Каков шок во Париз. Карлос Алкараз дојде во главниот град на Франција за да го собори Новак Ѓоковиќ од првото место на АТП листата, а веќе во второто коло беше елиминиран од Роман Сафјулин, 45. тенисер на АТП листата. На крајот Русинот беше подобар од Алкараз со 6:3, 6:4.
Со овој пораз ги намали шансите до крајот на годината на првото место на АТП листата да го престигне Ѓоковиќ, кој пак има отворен пат да дојде до уште еден трофеј. Алкараз ги бранеше 180 поени, но успеа да одбрани само девет.