Открени се шокантни детали за смртта на Боби Чарлтон!

2102

Сер Боби Чарлтон, иконата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, почина пред десет дена на свои 87 години.

Но во последните ден – два медиумите на Островот откриваат шокантни детали за тоа како и зошто тој починал.

Имено се знаеше дека Чарлтон веќе извесно време беше во дом за старци. Па така, според шпекулациите, во еден момент кога станувал од столот тој удрил во даската од прозорецот, а потоа паднал врз радијатоторот.

Веднаш бил пренесен во болница каде било утврдено дека имал скршени ребра. Потоа бил пренесен на интензивна нега, но тоа е му помогнало зошто пет дена подоцна тој починал.

Во извештајот се вели дека причината за смртта била траума на плуќата, падот и деменцијата.

ПретходноНејмар утре оди на операција, го чека пауза од најмалку 10 месеци!
СледноМуслиу и Падерборн направија изненадување во Купот и обезбедија осминафинале