Хари Кејн пишува историја во Бундеслигата, подобар е и од Ерлинг Халанд!

508

Хари Кејн, капитенот на репрезентацијата на Англија кој ова лето дојде во Баерн Минхен и тоа како рекорден трансфер, има супер старт во дресот на новиот клуб.

Имено тој испиша историја во Бундеслигата. Со двата гола со Дармштад од минатиот викенд тој дојде до 12 голови во првите 9 кола во својот деби старт во Бундеслигата.

Досега такво остварување нема никој, па ни Ерлинг Халанд кој во првите 9 кола кога играше за Борусија Дортмунд дојде до бројката од 10 голови.

Секако дека со Кејн во нападот сега Баерн е еден од главните кандидати за освојување на пехарот во Лигата на Шампионите, додека пехарот на домашна сцена веќе се подразбира.

ПретходноСтрумица – Скопје 2:0: Наковски В. триумфално против шампионот, Струмица го „реши“ вицешампионот
СледноКарабао Куп: „Чеканите“ го заковаа Арсенал, Ливерпул и Челзи одат во четвртфинале (ВИДЕО)