Иван Тричковски попладнево во куп натпревар за својата екипа АЕК Ларнака беше стрелец на еден гол во победата против Ахроникас со 3:2. Ова беше натпревар од 1/16 финалето на Купот на Кипар а Македонецот уште во 7.минута ја начна мрежата на гостите. Потоа се беше полесно за него и неговите соиграчи. Ова значи дека тимот на Тричко се пласира во следната рунда во ова натпреварување.
Тричковски веќе долги години е во тимот од Ларнака и станува легенда на клубот кој важи за еден од најголемите на Кипар.