Уште еден грабеж на стадионот на Чаир: По телевизорот сега е украдена и опремата од фитнес центарот!

784

Што ли се случува, навистина, на Чаир. Како што објавија предмалку од Шкупи, се случил уште еден грабеж, уште еден вандалски чин. Имено по телевизорот кој беше украден од новите простории на стадионот, сега на ред дојде и фитнес центарот. Како што велат од клубот, украдена е целата опрема од фитнес центарот.

Навистина неверојатно, ова може да се случува само во Македонија.

Ако веќе се вложува во клубот, во нови простори, во осовременување на стадионот на Чаир, тогаш тоа треба да се чува зошто таа опрема се користи за потребите на играчите и стручниот штаб на Шкупи.

Навистина неверојатно.

ПретходноЛесно во следното коло: Новак го “збриша“ Ечевери на мастерсот во Париз!
СледноЛина со победа стартуваше на фјучрсот во Грција!