Поранешниот менаџер на Челзи и Брајтон, Греам Потер е голем кандидат за селекторското место во фудбалската репрезентација на Шведска. Фудбалската асоцијација на оваа земја потврди дека поранешниот тренер на Брајтон и Челзи е „на списокот“ на потенцијални кандидати.
Шведска ја започна потрагата по наследник на селекторот Јане Андерсон, кој постигна разочарувачки резултати во се уште не завршените квалификации за ЕП 2024. Шведската федерација минатиот месец потврди дека Андерсон ќе ја напушти функцијата доколку репрезентацијата не успее да стигне до завршницата на ЕП 2024. Нивните квалификациски надежи беа завршени минатиот месец, откако Австрија и се придружи на Белгија меѓу патниците од групата на престојниот собир на најдобрите европски селекции.