Србија најважниот меч за пласман на Евро 2024 ќе мора да го игра пред празни трибини

284

Репрезентацијата на Србија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Бугарија ќе мора да игра пред празни трибини. Иако се очекуваше спектакл и полни трибини на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, дуелот мора да се игра пред празни трибини поради казната која УЕФА и ја изрече на Фудбалската федерација на Србија за инцидентите на мечот со Црна Гора.

УЕФА ја казни Србија поради „расистички испади“ на мечот со Црна Гора и со парична казна од 50.000 евра. Натпреварот со Бугарија е решавачки за Србија во борбата за пласман на ЕП 2024.

ПретходноСрбинот го предаде дуелот во двојки: Противниците чекаа, Ѓоковиќ не се појави на терен
СледноНеверојатно: Летоска платија за Онана 50 милиони евра, сега купуваат нов голман од 75 милиони евра!