Луис Суарез оди во МЛС: Интер Мајами во јануари добива „супер-напад“

199

Искусниот уругвајски фудбалер, Луис Суарез, кој моментално настапува за бразилски Гремио, наскоро се сели во САД.

36-годишниот напаѓач ќе остане во Бразил до крајот на годината, кога очигледно ќе ја смени средината и ќе се пресели во тимот на Интер Мајами во американската МЛС лига.

Медиумите пишуваат дека Суарез ќе добие едногодишен договор со клубот од МЛС. Ќе има опција за уште една сезона, во зависност од настапите.

ПретходноПрвокласна сензација: Третолигаш го елиминираше Баерн (М) од германскиот куп! (ВИДЕО)
СледноМанчестер Ј. тоне како „Титаник“: Њукасл имаше шоу на „Театарот на соништата“ (ВИДЕО)