Македонската ракометна репрезентација стартуваше со првата фаза од подготовките за настапот на Европското првенство 2024 година. Селекторот, Кирил Лазаров оваа ЕХФ-недела посветена на репрезентациите покрај подготовка на тактика, ќе ја искористи и за пријателски натпревари, најдобриот показател за силните и слабите страни на националниот тим.
Експедицијата на македонската репрезентација денеска заминува за Солун каде утре (03.11) и сабота (04.11) ќе одигра два контролни меча против Грција.
За овие средби Лазаров одбра 18 ракометари, во Солун нема да патуваат Марко Митев и Едвин Омерагиќ поради повреди, а во списокот не се најдоа уште Емилијан Ѓорговски и Марко Стојковиќ.
Ова значи дека против Грција Лазаров на располагање ќе има тројца голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски.
СРЕДНИ БЕКОВИ: Иван Џонов, Игор Ѓоргиев.
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов, Давид Савревски.
ДЕСНИ КРИЛА: Ненад Костески, Никола Костески.
ЛЕВИ КРИЛА: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ.
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.