Реал Мадрид е уверен во потписот на Килијан Мбапе следното лето. Според „Марка“, во соблекувалната на Реал Мадрид претстојниот трансфер на францускиот напаѓач се зема „здраво за готово“. Агентите, играчите и новинарите присутни за време на церемонијата на доделувањето на Златната топка веруваа дека преселбата на Мбапе во Реал Мадрид во летото 2024 година е неизбежна.
ПСЖ се уште се надева дека ќе ја промени ситуацијата, но извори блиски до тимот забележуваат дека ќе биде многу тешко да се продолжи договорот со Килијан. Неговиот договор со Французите истекува на крајот од оваа сезона.
Сепак, раководството на Реал Мадрид се уште не е сигурно во конечната одлука за трансферот на Мбапе. Тие го сакаат Мбапе, но се уште се плашат дека ПСЖ можат да извадат некоја астрономска сума која може да го натера младиот фудбалер да остане во Париз.