Лампард се враќа, ќе тренира тим од Чемпионшип

378

Франк Лампард се враќа како тренер. Откако го напушти Челзи минатото лето тој е без работа, а сега ќе го преземе тимот од Чемпионшип, Бристол Сити. Лампард немаше успешна кариера во Челзи каде што впиша една победа од 11 натпревари.
Бристол моментално има пет победи во 14 меча во Чемпионшип и е на 15-тото место на табелата. Поразот од Кардиф Сити пред пет дена донесе и отказ за тренерот Најџел Пирсон. Според „Бристол поуст“, Лампард е меѓу главните кандидати за негов наследник.
Тоа ќе биде втор престој на Лампард во Чемпионшип, затоа што во сезоната 2018/19 го водеше Дерби Каунти.

Претходно„Бомба“ од Островот: Зидан седнува на клупата на Јунајтед?! Тен Хаг добива отштета од 15 милиони фунти!
СледноПораз од Струга ТЛ најверојатно ќе значи и отказ за Ардијан Нухиу, а тој вели: „Не гледам криза во Шкендија!“