Тешка победа на Новак Ѓоковиќ во 1/8 финалето на мастерсот во Париз вечерва и тоа против Телон Грикспор од Холандија, со 2:1 во сетови.
Новак во првиот сет беше непрепознатлив, ги загуби со 4:6, во вториот драма, Холанѓанецот речиси да беше пред триумф, но кога беше најпотребно Србинот покажа зошто е најголемиот.
Прво успеа да се извлече од бездната а потоа сетот го доби сетот во тај-брејкот.
И во тертиот, решавачкиот сет, Новак одигра како што треба, не блескаше, имаше проблеми, но сепак успеа да го добие со 6:4 и со тоа да го добие мечот и да се пласира во 1/4 финалето на мастерсот во Париз.
Да кажеме дека во финишот на мечот Новак беше премногу нервозен, а дел публиката во Париз му свиреше за некои негови потези.
Овој меч траеше 2 часа и 40 минути.