Операцијата на Нејмар траела четири часа, познато е кога ќе се врати!

710

Бразилскиот напаѓач Нејмар е беше опериран две недели по тешката повреда на коленото на натпреварот против Уругвај во квалификациите за СП 2026. Според последните информации, операцијата на Нејмар на вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено траела четири часа.

Клубот на Нејмар, Ал Хилал сакал операцијата да биде во Париз, но Бразилецот  одлучил за доктор Ласмар, кој веќе го оперира во 2018 година по тешката повреда на стапалото.

Во четвртокот рано наутро, напаѓачот објави слика на која спие со своите две деца на социјалните мрежи и рече: „Се ќе биде во ред“. Се очекува фудбалерот на Ал Хилал да се врати на теренот до крајот на првата половина на 2024 година.

Нејмар е најдобриот бразилски стрелец на сите времиња со 79 гола, два повеќе од легендарниот Пеле.

ПретходноКонечно: Ајакс по цели 69 дена успеа да победи!
СледноЃоковиќ: Овие денови повеќе време сум во тоалет, отколку на терен!