Новак Ѓоковиќ во 1/8 финалето на мастерсот во Париз по тешка борба го совлада Телон Грикспор од Холандија со 2:1.
Холанѓанецот му пружи одличен отпор на Ѓоковиќ, кој очигледно беше уморен и тешко се движеше, а причината како што кажа самиот е стомачен вирус. Противникот ова вешто го искористи и создаде нервоза кај српскиот тенисер.
Во третиот сет додека го сервираше, Ноле беше изнервиран од извиците од публиката, па испрати сочни пцовки. Не е тешко да се прочита од неговите усни.
Оваа ситуација можете да ја видите ТУКА.