Одлична партија на Савовски за пласман на Војводина во 1/16-финалето на ЦЕВ Купот

107

21-годишниот македонски одбојкарски репрезентативец Филип Савовски со својот нов клуб оваа сезона, Војводина, успешно ја мина првата пречка во европските купови. Војводина годинава е дел од ЦЕВ Купот каде мораше да игра уште во првата квалификациска рунда, но задачата беше успешно завршена.

Иако во првиот меч против украински Житомир, клубот од Нови Сад загуби со 3:2, на реванш мечот кој се одигра во Србија успеа да оствари победа од 3:1 во сетови и со подобра сет-разлика се пласира во 1/16-финалето на ова второ по ранг европско одбојкарско натпреварување.

Македонскиот среден блокер имаше извонредна партија на реваншот реализирајќи 11 поени за новосаѓани, од кои два беа успешни блокади. Со овој настап нашиот млад репрезентативен блокер потврди дека е еден од најдобрите одбојкари кои годинава ги има тренерот на Војводина, Наранчиќ во својот состав.

Во следната рунда, Војводина ќе се сретне со екипата на Рио Дуеро Сорија од Шпанија. Првиот меч се игра во Нови Сад на 22 ноември, а реваншот е на 29 ноември во Шпанија.

ПретходноАшковски пред потпис со Раднички Ниш!
СледноШампионот ослабен: Струга ТЛ ќе мора без капитенот Шабани да “удри“ по Шкендија!