Во недела во Струга до 13 часот во рамките на 13.коло во ПМФЛ се игра еден од најважните мечеви во оваа сезона. Во него се среќаваат Струга ТЛ и Шкендија, јасно е дека ова ќе биде меч во битката за титулата и во него силите ќе ги одмерат шампионот и моментално третопласиран на табелата, тимот на Струга ТЛ и втората Шкендија. Разликата е само еден бод во корист на тетовци.
Не дека овој меч ќе биде пресуден, но ќе биде од есктра значење во понатамошната трка за тронот.
Тренерот на шампионот, Шпетим Дуро си има проблеми во однос на играчкиот кадар. Имено поради пет жолти картони тој нема да може да смета на својот капитен и еден од најдобрите играчи, “моторот“ на тимот, Буњамин Шабани.
Кумановецот ќе мора ова супер – дерби да го гледа од трибини.