Пешевски: Растеме како колектив! Покажавме карактер, останува денеска да завршиме триумфално!

122

Спортспорт во Соулн, Марија Ковачева

Единствениот национален тим кој го години настапува на големите натпреварување, со два контролни меча против Грција го означи стартот на подготовките за ЕП 2024 година. На првата средба во Солун, Македонија одигра нерешено, а веќе денеска ќе има шанса да дојде до победа.

Колку и да се чини дека Грција нема добар состав, сепак не треба да се заборави дека оваа селекција ја победи Холандија, а им правеше проблем и на Хрватите. Исто така и Македонија е во еден поинаков состав, на кој му треба време за да го фати вистинскиот ривам.

Еден од поискусните во националниот тим, Жарко Пешевски, вели дека противникот не е за потценување.

„Мислам дека Грција е сериозна репрезентација, поседуваат квалитет кој од собир на собир, од циклус на циклус е поизразит. Добро го почнавме натпреварот, диктиравме темпо, потоа следеше пад во играта, но тоа е нормално на вакви контролни натпревари во кои се пробуваат различни тактички варијанти. Она што радува е дека покажавме карактер, мислам дека со играта на првиот меч заслуживме и да победиме, па добро е што заигравме во самиот финиш и не дозволивме да претрпиме пораз во натпревар во кој во голем дел бевме подобар противник“.
Желбата е единствена да се добие денешниот меч и да се влезе во подобар ритам пред почетокот на Европското првенство 2024 година.

„Од наша страна ние максимално ќе влеземе и во денешниот натпревар, ќе се обидеме да стигнеме до победата. Мислам дека сме на добар пат како репрезентација, не дека сме индивидуално поквалитетни од Грција, туку како колектив растеме, играме се подобро од меч во меч и имаме добри шанси да стигнеме до победата и уште повеќе да ја кренеме формата на два месеци пред ЕП во Германија“.

Дуелот меѓу Македонија и Грција се игра денеска со почеток во 17:30 часот по македонско време.

ПретходноВМФЛ: Супер – дерби во Битола, Пелистер ја дочекува Беса!
СледноДве дерби пресметки во Тетово, Наковски Волеј го предизвикува вицешампионот