Наковски Волеј им зеде „мерка“ и на вицешампионките, Работнички се врати со победа

149

Струмичките прволигаши во женска конкуренција, екипите на Наковски Волеј и Струмица продолжуваат да редат победи во домашното првенство. Денеска во мечевите од 4. коло, Наковски Волеј успеа за само неколку дена по вторпат да слави во Скопје и тоа сега против актуелниот вицешампион, екипата на Јанта Волеј.

Наковски Волеј славеше пред неколку дена против шампионот Работнички, а денеска однесе уште една важна победа која го остава на врвот на табелата во домашниот шампионат. Сигурна победа во три сета, пак, оставрија одбојкарките на Струмица кои немаа сериозни проблеми на дуелот со Вардар 2019.

По двата последнователни порази, денеска победа за рехабилитација обезбедија одбојкарките на Работнички. Пампионките со 3:0 славеа во градската пресметка со Фит Фан Волеј. За одбележување е и втората победа на штипски Младост УДГ.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 4. КОЛО

САБОТА:

Јанта Волеј – Наковски Волеј   1:3 (20:25, 25:20, 20:25, 16:25)

Фит Фан Волеј – Работнички   0:3 (23:25, 19:25, 22:25)

Вардар ЕМ – Младост УДГ  1:3 (25:20, 20:25, 25:27, 22:25)

Струмица – Вардар 2019  3:0 (25:15, 25:15, 25:7)

ТАБЕЛА: 1. НАКОВСКИ В. 12; 2. Струмица 11; 3. Работнички 7; 4. Јанта Волеј 6; 5. Младост УДГ 5; 6. Фит Фан Волеј 4; 7. Вардар ЕМ 3; 8. Вардар 2019 0.

ПретходноВерстапен незадржлив, победи и на спринтот на „Интерлагос“
СледноАртета за голот на Њукасл: Се срамам што ваков гол не е поништен во најдобрата лига во светот!