Милан загуби на „Сан Сиро“: Удинезе првпат слави оваа сезона! (ВИДЕО)

137

Кризата во Милан никако да запре. И трет меч едноподруго во Серија А, Милан останува без победа, а да биде уште полошо, тимот на Стефано Пиоли вечерва загуби пред своите навивачи.

Екипата на Удинезе ги однесе бодовите од „Сан Сиро“ откако со голот на Переира од пенал во 61. минута успеа да слави. Екипата на Удинезе вечерва ја оствари првата победа оваа сезона, по серија од четири од вкупно 7 нерешени дуели кои ги има оваа сезона.

Милан повторно заочара и сега заостанува дури 6 бода зад лидерот Интер.

ПретходноФИА ги врачи признанијата: Иџе го доби пехарот за европската шампионска титула!
СледноАраухо е херојот на Барселона: Каталонците во последната минута дојдоа до победа (ВИДЕО)