За наши услови можеме да кажеме дека имаше спектакл на Чаир. Скопска пресметка, добар фудбал, но сепак повеќе спектакл имаше на трибините каде што беа домашните фанови “Шверцери“ кои во еден момент го „запалија“ стадионот.
Тоа му попречи на гостинскиот голман Филип Гачевски, кој како да сакаше да му каже нешто на судијата Димитар Пилешков:
„Ало судија, а бре овде ништо не се гледа“…
Овој момент го издвоивме како фото на денот.