Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената ранг листа на АТП има пад од 21 место и се наоѓа на 326. место со 163 поени или 13 помалку од претходното рангирање. Пад за едно место Ивановски има и во конкуренција на двојки каде со 75 поени се наоѓа на 645. место. Ивановски го очекуваат настапи на Челинџер турнири во Кобе и Јокохама.
Горазд Србљак со 10-те поени се наоѓа на 1050. место или има скок од 12 позиции, додека третиот македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кој со три поени се наоѓа на 1.472. место со напредок од пет позиции.