Турските гиганти и големи ривали, Фенербахче и Галатасарај, се здружија и го оставија раководството на тамошната федерација во неверување, кое воедно сакаше да дојде до лесни пари.
Турската фудбалска федерација (ТФФ) доби богата понуда од Саудиска Арабија таму да биде домаќин на финалето на Суперкупот. ТФФ за ова прашање разговараше со клубовите и соопшти дека конечната одлука е натпреварот да се игра во богата арапска земја.
Сепак, раководството на двата турски гиганти кои треба да го одиграат натпреварот од Суперкупот најавија дека не сакаат да играат во Саудиска Арабија.
Натпреварот требаше да се одржи на 30 декември 2023 година, со почеток во 20:00 часот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија и на стадионот Ал-Авал Парк.
Галатасарај и Фенер вообичаено не можат да се договорат за ништо и секогаш се на спротивставени страни, но овојпат се здружија, па турскиот Суперкуп се игра во нивната земја, се чека потврда за градот.