Јокиќ е кралот на трипл-даблот: Играше повреден, па го урна рекордот на Леброн (ВИДЕО)

1444

Кошаркарите на Денвер на домашен терен го победија Њу Орлеанс Пеликанс со 134:116, со што стигнаа до седмата победа во осмиот натпревар во НБА сезоната и се на врвот во Западната конференција. Пеликанс се шести со четири победи и три порази.

Иако беше најавен како повреден, сепак Никола Јокиќ се појави на теренот, и го предводеше Денвер до победа. Српскиот центар постигна 35 поени и додаде 14 скока и 12 асистенции, што беше негов 108. трипл-дабл во кариерата. Со тоа ги мина Леброн Џејмс и Џејсон Кид на вечната листа и сега е четврти во генералниот пласман. Пред него останаа Меџик Џонсон (138), Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (198).

Вкупно трипл-дабл НБА:
1. Расел Вестбрук 198
2. Оскар Робертсон 181
3. Меџик Џонсон 138
4. Никола Јокиќ 108
5. Леброн Џејмс 107
5. Џејсон Кид 107
7. Вилт Чембрлен 78
8. Џејмс Харден 74
9. Лери Бирд 59
10. Лука Дончиќ 58

На крајот од втората четвртина Њу Орлеанс имаше 20 поени предност (61:41), но актуелниот шампион приреди фантастичен кам-бек. Мајкл Портер постигна 22 поени и имаше девет скока, а Арон Гордон натпреварот го заврши со дабл-дабл од 15 поени и 12 скока. Најдобар стрелец кај Пеликанс беше Џордан Хокинс со 31 поен.

Детроит – Голден Стејт 109:120
Индијана – Сан Антонио 152:111
Орландо – Далас 102:117
Филаделфија – Вашингтон 146:128
Бруклин – Милвоки 125:129
Мајами – Л.А. Лејкерс 108:108
Њујорк – Л.А. Клиперс 111:97
Чикаго – Јута 130:113
Хјустон – Сакраменто 122:97
Минесота – Бостон 114:109
Оклахома – Атланта 126:117
Денвер – Њу Орлеанс 134:116

ПретходноЛуд меч во Премиер-лигата кој траеше 113. минути
СледноСе најде херој кој успеа да го блокира чудото од 224 см во НБА (ВИДЕО)