По одличниот квалификациски настап во Полска и пласманот во елитната рунда на УЕФА, репрезентацијата на Македонија до 19 години ги почна подготовките за следниот предизвик кој се игра во март.
Пред елитната рунда селекцијата чиј што селектор е Тиони Јакимовски – Кифла ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Првиот тест за оваа генерација е дуелот со Саудиска Арабија. Тој ќе се игра во Шпанија и тоа во градот Тарагона на 22 ноември. Ќе има само еден натпревар и истиот доаѓа по иницијатива на Саудиска Арабија чија што селекција се подготвува за настап на Азиските игри. Ова е термион на УЕФА во кој селекторот Јакимовски на располагање ќе ги има сите фудбалери на кои тој смета за овој дуел.
Паралелно се водат и за други тест средби на оваа репрезентација која во декември по ждрепката во УЕФА ќе ги добие ривалите од елитната група која е последна препрека пред пласманот на ЕП 2024.