Навивачите на Милан со поздрав за „издајникот“ – Доларума

363

Навивачите на Милан испринтале лажни долари со ликот на Џанлуиџи Донарума со план да ги фрлат кон него за време на мечот против Пари Сен Жермен на „Сан Сиро“ во рамките на Лигата на шампионите.
Донарума го напушти Милан после долго натегање откако не сакаше да го продолжи договорот па како слободен во 2021 година прејде во францускиот клуб за многу поголема плата. „Росонерите“ не добија ни цент од трансферот, а навивачите сметаат дека тој направил предавство и му смислија и прекар „Доларума“ затоа што се затрчал по доларите од клубот во сопственост на Шеици.
Донарума е продукт на академијата на Милан, а дебито во Серија А го имаше на 16 години и сега е еден од најдобрите голмани на светот.
На банкнотите пишува: „Човек без чест. Доларума“.

ПретходноГо тужела клубот за неисплатени пари кога била трудна, па е избркана од првиот тим
СледноАлексовски: Шкупи е квалитетен, но не и непобедлив, веруваме во пласман во полуфиналето