Меси стана ко-сопственик на клубот на Агуеро

354

Генералниот директор на „KRÜ Esports“ и поранешен фудбалски репрезентативец на Аргентина, Серхио Агуеро објави дека неговиот кум, Лионел Меси е косопственик на оваа е-спорт организација.
„Среќен сум што со Лео ќе го делиме клубот. Поставуваме нова патека и нови предизвици. Тој е добар пријател и најдобриот фудбалер на светот, па чест ми е што ќе биде дел од KRÜ. Се надевам дека ќе даде допринос на сцената на електронските спортови“, изјави Агуеро.
Организацијата верува дека партнерството меѓу Меси и Агуеро ќе ги популаризира електронските спортови, исто така ќе биде инспирација за актуелните и идните таленти на e-Sports сцената.
..

ПретходноАшаданов пред дуелот со Португалија: Одиме на победа!
СледноСудија на дербито Фенер-Трабзон суспендиран девет натпревари