Две седмици од почетокот на квалификациите за СП 2026 година една африканска селекција одлучи да се откаже од учество. Фудбалската репрезентација на Еритреа се откажа од квалификациите за СП 2026 затоа што властите се плашеле дека некои од играчите ќе избегаат и ќе побараат политички азил во странство, како што тоа се случило во 2015 и 2019 година.
Па од локалниот Фудбалски сојуз одлучиле да ја повлечат репрезентацијата која во ноемвриските квалификации требало да игра со Мароко и Конго, а групата ја сочинуваат уште Замбија, Нигер и Танзанија.
Инаку директен пласман ќе изборат само првополасираните од деветте групи, додека најдобрите четири второпласирани ќе играат бараж. Еритреја беше сметана за аутсајдер.
Последен пат Еритреја играла официјален меч во септември 2019 година против Намибија во квалификации за СП 2022.
Дома Меѓународен фудбал ЕП/СП Се повлекле од квалификациите за СП 10 дена пред почетокот, а причината...