Младата ѕвезда на германскиот шампион Баерн (М), Џамал Мусиала се повреди на натпреварот против Галатасарај во ЛШ синоќа и ќе мора да отсуствува од фудбалските натпревари во следниот период.
Тој го напушти теренот во 40. Минута, а по натпреварот тренерот на Баерн, Томас Тухел потврди дека Мусиала се здобил со повреда на тетивата.
„Во најдобар случај тоа е истегнување, во најлош случај е кинење на мускулните влакна“, рече Тухел.
Првичните лекарски прогнози се дека Мусиала го очекува периодот на опоравување од 2 до 4 недели.