Ал Хилал ќе го раскине договорот со Нејмар за да си донесе нов странец

857

Саудискиот клуб Ал Хилал може да го прекине договорот со бразилскиот напаѓач Нејмар. Според дел од медиумите, раководството на тимот ја разгледува можноста за суспендирање на договорот со играчот, а целта е да се направи простор за регистрација на нов странски играчи во текот на зимскиот преоден рок.

Ал Хилал планира да го повика играчот за да разговараат за условите за прекин на соработката. Нејмар се повреди на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај (0:2). Очекуваното време за опоравување за 31-годишниот фудбалер би можело да биде до 10 месеци. Тоа значи дека постои голема веројатност Нејмар да не се појави на терените до крајот на оваа сезона.

ПретходноМедисон не доаѓа во Скопје: Ѕвездата на Тотенхем го откажа повикот во репрезентацијата
СледноУште колку ќе го толерираат Гарсија? Наполи не победил дома 44 дена!