Ракометарите на Тинекс Пролет ќе бидат носители на ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Пролет е втор македонски преставник во ова натпреварување, покрај екипата на Е. Пелистер, кој ќе учествува директно во групната фаза.
Пролет е на 23 позиција на ранкингот на екипите во Лигата на Европа и ќе биде носител пред ждрепката за првото квалификациско коло, а доколку обезбеди пласман во втора рунда и таму ќе ја задржи улогата на носител.
Првите натпревари од квалификациите во ЕХФ Лигата на Европа ќе се одиграат на 29 и 30 август.