До пред некој месец Вардар и Воска водеа “војна“ во ВМФЛ, која траеше две години, но сега се прволигаши и ова ќе биде нивни втор прволигашки меч. На првиот во Охрид тогаш домашните славеа со 3:2, а денеска Вардар спрема одмазда. Мечот започнува во 13 часот и се игра на „Борис Трајковски“ во Скопје.
Без разлика на лошиот терен, без разлика во каква форма е Воска, Вардар овој мем мора, ама баш мора да го добие па макар и со 1:0.
Најважни се трите бода, три бода со кои Вардар би ја прескокнал Воска и би го напуштил последното место на табелата во нашата елитна лига.
Сепак и Воска си има свои адути. Овој тим знае да изненади, да одигра добро, па така нема да им биде лесно на избраниците на стратегот Александар Васоски, но ова е меч кој треба и мора да се добие.
Секој друг резултат освен победа ќе биде лошо и тоа како лошо за Вардар.
Кога сме кај традицијата таа вели дека ова е седми нивни меч, и никогаш немало реми. Три победи за Вардар и три за Воска.















