Претставници на Ливерпул биле во Бразил каде што разговарале со централниот бек на Сао Паоло, Лукас Бералдо во обид да го донесат како ново засилување во јануарскиот преоден рок.
Менаџерот Јирген Клоп сака да ангажира нов играч на таа позиција и би можел да се заложи за него веќе во јануари доколку неговата цена биде договорена.
Ливерпул со месеци го следи 19-годишниот Бералдо, кој во последно време редовно игра за првиот тим. Бералдо има вкупно 34 настапи во сите натпреварувања за бразилскиот тим во 2023 година, со еден гол и девет жолти картони. Тој е проценет на околу 20 милиони фунти од Сао Паоло, а неговиот договор со клубот трае до летото 2026 година.
Бералдо не е единствениот бразилски фудбалер за кој Ливерпул е заинтересиран. „Црвените“ се поврзуваат со трансфер на играчот од средниот ред на Флуминенсе, Андре Триндаде.