ПМФЛ: Кратово слави – Силекс го победи Шкупи, Работнички го освои Ѓорче! (ВИДЕО)

587

Попладнево се одиграа двата последни меча од 14.коло во ПМФЛ. На дербито во Кратово одличен фудбал за наши услови. Силекс го победи Шкупи со 2:1 и му го нанесе првиот пораз на Младен Жижовиќ како тренер на Шкупи.

Гостите од Чаир поведоа со голот на Трапановски во 12.минута, по само неколку минути израмни Николиќ, за да во 41.минута пресврт, Каланоски “тресеше“ за 2:1 за кратовци.

 

Во второто полувреме и двете екипи имаа шанси, Шкупи притискаше, но по таа 70.минута падна темпото. Силекс по секоја цена сакаше да го сочува ова водство. Во финишот Шкупи остана со играч помалку откако Илиески доби исклучување.No description available.

Во Ѓорче, Работнички со голот на Гандо во 53.минута, убав гол со шут со глава, успеа да ги победи “лавовите“ и да освои екстра значајни три бода.

 

Со овој пораз Македонија ЃП и дефинитивно влегува во зоната за испаѓање.

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

СИЛЕКС – ШКУПИ 2:1

(Николиќ 17., Каланоски 41./Трапановски 12.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0:1

(/Гандо 53.)

ВЧЕРА

ВАРДАР – ВОСКА 1:2

БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2:1

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1:0

ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1:0

ТАБЕЛА

Шкупи 28, Шкендија 28, Струга ТЛ 27, Силекс 23, Брера 19, Работнички 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Македонија ЃП 14, Брегалница 14, Вардар 11

ПретходноРуди Гарсија пред отказ, Наполи загуби дома од Емполи
СледноВМФЛ: Беса со “реши“ Охрид покрај езерото, Танушев е херојот на Пелистер