Силекс попладнево со 2:1 успеа да го победи лидерот, тимот на Шкупи. Навистина квалитетен меч се одигра во Кратово. Шанси, три гола, високо темпо, како што и се очекуваше од две квалитетни екипи.
По мечот за „СпортСпорт“ свој коментар даде Горазд Михаилов, статегот на кратовци кој му го нанесе првиот пораз на Младен Жижовиќ како стратег на Шкупи.
„Да, го знам тој податок дека на Жижовиќ ова е му е прв пораз. Инаку морам да бидам задоволен од играта, од победата. Секако дека победивме силен тим и затоа сите честитки одат на адреса на моите играчи на кои им честитам од се срце што се вели. Ова беше вистинско дерби, имаа што да видат и фановите на стадионот во Кратово и сите оние покрај ТВ екраните. И денеска Силекс, со оваа победа, покажа дека не бадијала сме во последните две сезони во ТОП 4 екпи во мак – фудбалот“ изјави Михаилов.