Аеродром и Скопје одиграа без победник!

49

Во еден драматичен, подобро кажано трилер меч, Аеродром и Скопје одиграа без победник, со краен резултат 22:22. Секако дека ова е чекор назад за составот на Аеродром во битката за плеј – офот во нашата ракометна Суперлига.

Супер интересно беше во последната минута. При резултат 21:21 Шокоски погоди за водство на гостите од 21:22. Сепак домашните организираа добар напад и тоа набрзина кој заврши со седмерец а кој го реализира Костов за 22:22 и тоа на десетина секунди до крајот.

По тајм-аутот Шокоски шутираше за победа, но не успеа и остана тој нерешен резултат.

Мелов и Костов кај домашните постигнаа по седум голови, додека кај гостите Мишевски постигна шест погодоци.

ПретходноПроблеми за Милевски: Трајковски има повреда на листот, а Елези не беше во записникот на Вараждин!
СледноНеверојатно: Јунајтед ќе плаќа “пенали“ од 10 милиони фунти за секоја сезона кога нема да игра во ЛШ!