Ристовски на полувреме се расплака, соиграчите го тешеа

6675

Дербито на 15 коло во ХНЛ помеѓу Ријека и Динамо заврши со резултат 2:2, а на полувреме „модрите“ водеа со 1:0. Но случувањата во првото полувреме посебно го погодија Стефан Ристовски, кој е поранешен играч на Ријека, па на полувреме со солзи во очите замина во соблекувалната.
За сега не е познато за што точно се работи, не се работи за повреда затоа што македонскиот интернационалец го одигра целиот меч. Веројатно тешко му падна тоа што е фрлано или викано од трибинте или расправијата со играч на Ријека пред крајот на првото полувреме.

Тој имаше жесток дуел со Фрањо Ивановиќ од Ријека (ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ). Соиграчите го тргнале на страна и спречиле посериозен инцидент. Судијата му покажа жолт картон на нашиот фудбалер.

Аријан Адеми како капитен исто така одигра цел меч. И двајцата добија жолти картони за време на дуелот.

ПретходноМарија Николовска со десет гола дебитираше во дресот на АЕК
СледноДе Зерби: Не ми се допаѓаат 80% од судиите во Премиер лигата