Атлетико го совлада Виљареал, Гризман на второто место кај клупските рекордери!

200

Атлетико Мадрид со 3:1 го победи Виљареал во шпанската Ла Лига. Головите за домашните ги постигнаа Витцел, Гризман и Лино и тоа е деветта победа на мадриѓаните во 12 одиграни натпревари.
Гризман со погодокот во 80 минута стигна до бројката 169 погодоци за Атлетико со што се израмни со легендарниот Адриан Ескудеро на второто место на најдобри клупски стрелци. На чело е Луис Арагонес со 173 голови.
Исто така Атлетико нема загубено 15 првенствени мечеви на домашен терен.

 

ПретходноИзраелците исвиркани и совладани во Приштина (видео)
СледноНиту новиот „трипл-дабл“ на Јокиќ не го спречи Хјустон да слави, победничка низа на Мајами (ВИДЕО)