Лина направи скок од 11 места на новата ВТА листа

162

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на најновата ВТА ранг листа и сега со 421 поен се наоѓа на 178. место. Тоа за Лина значи напредок од 11 позиции. Ѓорческа претходната недела ја заврши со настап во полуфиналето на фјучрсот во Ираклион каде освои 25 поени. Лина во конкуренција на двојки има пад за едно место односно се наоѓа на 327. место со 256 поени.

По една недела пауза Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Валенсија што стартува на 20 ноември.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА Магдалена Стоилковска има скок за 8 места и сега е рангирана на 1223. место со 8 поени.

ПретходноНаполи на итен состанок: Понуда за Тудор на 1+1 година
СледноБелингем денеска ќе и се приклучи на репрезентацијата, но сигурно нема да игра во Скопје