Маљковиќ: Никогаш не е лесно да играш против Македонија

253

Женската кошаркарска репрезентацијата на Србија ја оправда улогата на фаворит во дуелот со нашата селекција на вчерашниот втор меч од квалификациите за Евробаскетот 2025. Девојките во сина комбинација го прикажаа сиот свој квалитет но и потенцијал, а предводникот од клупата, Марина Маљковиќ по завршувањето на оние 40.минути во салата на СЦ „Кале“ упати и доста позитивни работи на сметка на нашиот сениорски состав.

„Пред се, сакам да и честитам на Македонија, затоа што никогаш не е лесно да играч против нив, иако резултатот не го говори тоа. Митрашиновиќ е одлична кошаркарка, постигна 23. поени, а ме радува тоа што во стручниот штаб на Македонија е и Јелена Антиќ, мојата поранешна кошаркарка. Се чувствувам како во своја куќа во оваа земја“- потенцираше селекторката на Србија.

„Што се однесува до нас, ние ја подмладивме репрезентацијата, имаме доста нови имиња. Секак, има и грешки, но има тука и доста позитивни работи. Се трудиме да имаме доста позитивности во играта, затпа то во февруари ни следуба  најважната мисија за оваа генерација, а тоа е борбата за пласман на Олимписките Игри во Париз. Ќе дадеме се од себе да го оствариме својот сон, но и на целата наша земја, а тоа е три пати по ред кошаркарките на Србија да бидат на Олимписките Игри“ – дополни Маљковиќ.

ПретходноАлим Насуфи е победник на „Златниот Гонг“
СледноСтоле Димитриевски: Против Италија и Англија треба да уживаме, да ги чекаме нашите шанси