Рајн Некар славеше против Бенфика за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески со 36-35 во натпревар од групата А на Европската лига.
На оваа средба најверојатно е постигнат и најбизарниот гол во актуелната сезона. Во 11. минута соиграчот на Талески, Мигел Санчез Мигалјон од контранапад ја погоди гредата, топката се одби високо во воздухот, го погоди голманот на РНЛ во рамото и се истркала во мрежата.
Is this the strangest goal of the handball seasons so far? 👀 😆#ehfel #allin #elm pic.twitter.com/4i1QW8nU0E
— EHF European League (@ehfel_official) November 14, 2023