Непоразените на мегдан: Струмичка пресметка за врвот

160

Комплетните кола во домашните одбојкарски првенства во машка и во женска конкуренција ќе се одиграат денеска. Во рамките на Првата лига во машка конкуренција денеска на програмата се мечевите од 6. коло, додека кај дамите следува седмата првенствена рунда.

Од двојките за издвојување се две големи пресметки и двете во супер-интересната прволигашка женска конкуренција. Во ова 7. коло следува големото струмичко дерби меѓу двете непоразени екипи сезонава. Домаќин ќе биде лидерот Наковски Волеј кој има бод предност пред ова коло од својот голем градски ривал Струмица.

Второто дерби е во Штип, каде новајлијата Младост УДГ ќе се обиде да го изненади вицешампионот Јанта Волеј.

Во машкиот прволигашки шампионат исто така имаме две одлични пресметки. Во Скопје во салата на о.у. Невена Георгиева-Дуња, Работнички 71&22 го пречекува Универзитет во Тетово, додека во Пробиштип домашниот состав го очекува дуел со тетовска Шкендија.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 6. КОЛО

ДЕНЕСКА: 

13.00 Штип УДГ – Вардар

14.30 Македонија – Џио – Јанта Волеј

18.00 Весна Пробиштип – Шкендија

19.30 Лирија – Сушево

20.00 Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово

20.30 ГОК Борец – Струмица

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (15); 2. Универзитет во Тетово (12); 3. Штип УДГ (12); 4. Лирија (11); 5. Шкендија (9); 6. Работнички 71&22 (9); 7. Борец (6); 8. Весна Пробиштип (6); 9. Сушево (4); 10. Вардар (3); 11. Јанта Волеј (3); 12. Македонија Џио (0).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 7. КОЛО

ДЕНЕСКА:

16.00 Младост УДГ – Јанта Волеј

16.30 Фит Фан Волеј – Вардар ЕМ

17.30 Работнички – Вардар 2019

18.00 Наковски Волеј – Струмица

ТАБЕЛА: 1. НАКОВСКИ В. (18); 2. Струмица (17); 3. Јанта Волеј (11); 4. Работнички (10); 5. Младост УДГ (8); 6. Фит Фан Волеј (5); 7. Вардар ЕМ (3); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноРашфорд се повреди во бизарен дуел со Арнолд, ќе го пропушти мечот со Македонија
СледноСилвињо во транс по пласманот на Албанија на ЕП: Чест ми е што сум селектор на оваа репрезентација