Ракометарите на Вардар 1961 не се помачија многу за да дојдат од 10-тата победа во тековната сезона на домашното суперлигашко натпреварување. Со комбиниран тим, денеска на домашен терен, Вардар лесно и убедливо дојде до победа над екипата на Прилеп со 36:26 (15:9).
Уште на стартот на првиот дел Вардар успеа да воспостави теренска контрола и на играта и на резултатот. Прилепчани до 25-тата минута од првиот дел постигнаа само четири гола, но во завршницата успеаја да искористат неколку шанси и на одмор да заминат со минус 6 (15:9).
Во вториот дел не се промени сликата на теренот. Вардар надмоќен, по десет минути игра имаше веќе +10 (25:15), разлика која умешно ја одржуваше до самиот финиш на средбата.
Карапалевски и Лазаревски со по осум погодоци беа најефикасни кај Вардар.